Д-р Исјановски: Не се туркајте за да не мора да ја ангажираме војската!

Ова не е само еден ден. Ова ќе трае и во било кој период од денот, во прва и втора смена, граѓаните може да одат да се вакцинираат, апелира директорот на Здравствен дом Скопје.

820

Директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски, во изјава за Телма апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да не создаваат метеж пред вакциналните пунктови откако започна имунизација против ковид-19 без закажување термин.

Тој објаснува дека вакцинирањето нема да трае само еден ден и дека сите граѓани ќе имаат можност кога сакаат да дојдат на вакцинација.






– Не можам да ви кажам зошто се случуваат турканици, но можеби луѓето гледаат да го искористат поладниот дел од денот и да дојдат во утринските часови. Сметам дека граѓаните не треба да прават поголеми гужви. Ова не е само еден ден. Ова ќе трае и во било кој период од денот, во прва и втора смена, граѓаните може да одат да се вакцинираат. Не знам зошто се создаваат гужви. Не би требало да се создаваат гужви и затоа напоменувам граѓаните да бидат трпеливи. Не почнавме со вакцинација денеска прв пат, па за да се создаваат гужви. Но, ако има потреба би побарале помош од полицијата или војската за создавање на ред – порача д-р Исјановски.

Поврзани содржини