Д-р Гроздановски „летна“ од работа откако објави фотографија со погрешно испишана табла во „Букурешт“

Како одеднаш од таков професионалец невролог, како што ме нарекуваше директорот, добив експресен отказ за три дена без да бидам викнат на разговор и без да се најде решение, изјавил д-р Мирослав Гроздановски.

3,203

Неврологот Мирослав Гроздановски, кој ја фотографираше погрешно испишаната табла за „дерматовенерологија“ во скопската поликлиника „Букурешт“, заработи отказ на само три години до пензионирањето, објави Слободен печат.

Тој вели дека причината за отказот е токму тоа што ја обелоденил погрешно испишаната табла, а како што објаснил, проблемите му започнале еден ден по објавувањето на фотографијата кога добил решение за прераспределување во поликлиниката на Бит-пазар, но тој го одбил тоа прераспределување.






– Пишува дека неоправдано сум изостанал три работни дена, на 26, 27 и 28 јули. Последен ден што бев на работа беше во саботата на 24 јули. Дојдов во „Букурешт“ додека бев на одмор во петокот и бев блокиран, не можев да влезам во системот. Веќе ме префрлиле на Бит-пазар. Од понеделникот, се разбира, не отидов на Бит-пазар и веднаш ми дале отказ и ме одјавија, така што сега сум невработен доктор специјалист по неврологија на три години пред пензија. Е, тоа е мојата приказна. Како одеднаш од таков професионалец невролог, како што ме нарекуваше директорот, добив експресен отказ за три дена без да бидам викнат на разговор и без да се најде решение – вели доктор Гроздановски за Слободен печат.

Поврзани содржини