Д-р Фидановски: Децата кои прележале ковид-19 развиваат тешка постковид клиничка слика
Докторот вели дека синдромот е специфична високата температура која трае повеќе денови и не реагира на повеќето антибиотици.
Повеќеоргански инфламаторен синдром е регистриран кај осум деца во земјава откако почна ковид кризата. Првиот случај бил во мај. Синдромот се јавува кај деца кои биле позитивни или биле во контакт со лице позитивно на ковид-19 и се појавува како реакција на вирусот и зафаќа поголем дел од органите. Ова го соопшти вечерва д-р Душко Фидановски во Дневникот на Сител.
Тој објаснува дека новата состојба се јавува кај децата две недели до еден месец, откако го прележале ковод-19 или пак имале контакт со заболен.
– Се работи за болест кој зафаќа два или повеќе системи најчесто кожни, но може да бидат зафатени и внатрешните органи како срцевиот мускул. Може да ги зафати и бубрезите црниот дроб пореметување на хемостазата како појавување на тромб. Клиничката слика е тешка. Првиот случај беше во средината на јули до сега имаме седум дечиња Последните дечиња беа дојдени за краток временски период. Ниту еден не е ПЦР позитивен тест. Кај 4 од нив имаше позитивна епидемиолошка анкета и имаа антитела, што значи дека биле во контакт со лице кое имало ковид – вели Фидановски.
Тој вели дека нема специфична терапија за лекување тука има поголема палета на лекови кои помагаат во овие случаи.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека е испратен стручен надзор во приватната болница во која се забележала оваа појава кај децата.