Д-р Чепреганов: Ако можеше Ердоган да направи 4 дена карантин, можевме и ние

Францускиот нобеловец, Лук Монтањ, и група виролози од Индија го виделе вирусот и кажаа дека тој е создаден во лабораторија. Според нив, во геномот на ковид-19 нашле инкорпорирани компатаменти од вирусот ХИВ и болеста маларија, кои во нормална мутација не можат да мутираат - изјави д-р Чепреганов.

1,325

Факт е дека се направија многу грешки во првите два месеци бидејќи не се предвиде што ќе се случи, ако можеше Ердоган да направи 4 дена карантин, можевме и ние – рече проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар, гостувајќи вечерва во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Фамилијата е основниот фундамент на личноста, вториот е едукацијата, а тука се нашите фалинки.Во момент кога „падна” пандемијата, отстапките за семејните собири скапо не чинат. И ова ќе помине, умот да ви царува македонски народе, не емоциите – порача д-р Чепреганов.






Според неговите информации, за кои не тврди дека се целосно точни, ова е лабораториски вирус.

– Францускиот нобеловец, Лук Монтањ, и група виролози од Индија го виделе вирусот и кажаа дека тој е создаден во лабораторија. Според нив, во геномот на ковид-19 нашле инкорпорирани компатаменти од вирусот ХИВ и болеста маларија, кои во нормална мутација не можат да мутираат – изјави д-р Чепреганов.

 

Поврзани содржини