Д-р Чадиковски за гласините дека ќе се кандидира за градоначалник: Си го сакам Скопје и не би сакал да го води човек како мене!
Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес, напиша д-р Владимир Чадиковски на Твитер.
Откако ТВ21 објави дека познатиот детски кардиохирург д-р Владимир Чадиковски е еден од можните кандидати за градоначалник на Скопје, тој веднаш ги демантираше гласините и на социјалната мрежа Твитер напиша дека политички ангажман не е во неговиот домен на интереси.
„Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене, кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес“, напиша д-р Чадиковски.
Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене,кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес.
— Vladimir Chadikovski (@chadikovski) March 30, 2021