Д-р Билјана Ичева ја загуби битката со коронавирусот, почина на 61-годишна возраст
Д-р Ичева беше вработена во Негорските минерални бањи, а била хоспитализирана на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби.
Уште едно медицинско лице од Македонија ја изгуби битката со коронавирусот.
На 61-годишна возраст денеска почина докторката Билјана Ичева. Ичева која беше вработена во Негорските минерални бањи била хоспитализирана на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби , но за жал не успеала да се избори со вирусот.
Нејзиниот сопруг, д-р Божин Ичев, кој исто така е заразен сѐ уште се лекува на инфективната клиника во Скопје.
Докторката Ичева беше специјалист физиотерапевт, а заврши Медицински Факултет во Скопје. Зад себе остави две деца.
„Почивај во мир Билјана. Вечна благодарност за сите твои насмевки со кои ги грееше гевгеличани, ги „омекнуваше“ болките на пациентите, ја лечеше траумата на посетителите на Негорски Бањи, им оставаше сонце во сеќавање на тие што ќе посакаат повторно да ја посетат Гевгелија и познатите минерални топли води во Негорци. Вечен спомен за тебе!“, се збогуваат колегите и пријателите на докторката Ичева.