Д-Р ЈАКОБ ПРВ ВО СВЕТОТ ЈА ПРИМИ ЧЕТВРТАТА ДОЗА Мал убод во рамо, голем скок за човештвото

Граѓаните на Израел први во светот ја примија и третата доза од вакцината, потсети премиерот Нафтали Бенет.

1,079

Израелецот Јакоб Лави, хирург за трансплантација на срце е првиот човек во светот кој ја прими четвртата доза од вакцината против коронавирусот со што Израел станува првата земја која ќе ја испитува ефективноста на четвртото „боцкање“ и тоа со вакцината на Фајзер. Мал убод во рамо, но голем скок за човештвото – вака Јакоб го опиша чувството, пишува Н1.

– Се очекува оваа студија да ги расветли дополнителните придобивки од давањето на четвртата доза. Ќе се стремиме да разбереме дали и на кого вреди да се даде четвртата доза – рече д-р Регев Јохај, кој заедно со свој тим од 150 научници ќе го предводи истражувањето.






Целта е да се утврди дали четвртата доза е ефикасна за производство на антитела и дали е безбедна. Резултатите од студијата ќе помогнат да се одреди политиката не само во Израел, туку и во светот во време кога новиот омикрон-сој предизвикува нов бран на инфекции.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет оцени дека Израел предничи во борбата со пандемијата во светот. Тој потсети дека граѓаните на Израел први во светот ја примија и третата доза од вакцината.

Поврзани содржини