Д Фестивал се подготвува за своите две наредни изданија – вонредно и јубилејно!

286

Единствената фестивалска авантура – Д Фестивал, веќе се подготвува за своите две наредни изданија – вонредно и јубилејно! Поради неможноста да го прославиме десеттиот роденден како што му доликува – со тридневна програма исполнета со многу музика, стотици уметници и креативци, повеќе бини, фестивалски камп и илјадниците најверни другари, големото, официјално роденденско издание го закажавме за 2 – 4 јули 2021 година!

ПРВИТЕ ПОТВРДЕНИ АРТИСТИ ЗА 2021 ГОДИНА






Највозбудливото фестивалско доживување ќе ни го овозможат – синот на Bob Marley, jамајканскиот хип-хоп и реге артист – КY-MANI MARLEY, панк-иконата и тапанарот на култните Ramones – MARKY RAMONE, балканските Sonic Youth – РЕПЕТИТОР, легендарното германско електронско дуо – BOOKA SHADE и харизматичната поетеса која ги освои срцата на домашната публика – ТЕЛЕМАМА, а за неколку дена доаѓа и вториот бран на потврдени артисти за големото, роденденско издание на Д Фестивал во 2021-ва!

ЕДЕН БИЛЕТ = СТОТИЦИ МУЗИЧКИ ИЗВЕДУВАЧИ

Сите кои имаат набавено билет за Д Фестивал 2020 до 30.07.2020 година ќе можат со истиот да присуствуваат на две Д Фестивал изданија – на годинашното еднодневно, на кое ќе се дружиме со SUPERHIKS, BERNAYS PROPAGANDA, LD PISTOLERO, DONPLAYA, BON PRASKIZA, PRINCE$$ DONATSU и PLUTO’S DOUBTS, а и на наредното големо роденденско издание во 2021 година, каде што ќе ни се придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци.

Билетите за овогодинашното еднодневно издание на Д Фестивал се достапни во продажната мрежа на MkTickets и Karti.com.mk.

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА РАН КОРМОРАН ЗА НАЈВЕРНАТА ПУБЛИКА

Годинава, нашите амбициозни планови резултираа со 70% распродаден фестивал уште во март! Огромниот интерес од публиката покажа дека пред нас стои можеби најуспешното издание досега. Со објавувањето на првите потврдени артисти, започнува и продажбата на најповолните билети за Д Фестивал 2021 – акцијата Ран Корморан. Билетите се достапни во продажната мрежа на MkTickets.

Актуелната промо цена на билетите изнесува:

800 денари (три дена без кампување)
850 денари (три дена со кампување)
*Двата типа на билети овозможуваат пристап до комплетната тридневна програма

Како и секоја година, најбрзите 100 онлајн купени билети стануваат потенцијални добитници на специјални подароци!

Поврзани содржини