ЦВЕТАНОВСКА ОСТАНА БЕЗ ДВЕ ТРКИ НА ЗОИ Македонската натпреварувачка не ги исполни квотите
Само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција ќе може да настапат на утрешната трка во оваа дисциплина. За жал, заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните во оваа дисциплина, Ана Цветановска нема да може да настапи, соопштија од МОК.
Македонската олимпијка Ана Цветановска нема да настапи на утрешната трка во крос кантри во дисциплините 7,5 километри слободно плус 7,5 километри скијатлон на Игрите во Пекинг, објави попладнево Македонскиот олимписки комитет (МОК), прецизирајќи дека одлуката за тоа ја донела Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
– Само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција ќе може да настапат на утрешната трка во оваа дисциплина. За жал, заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните во оваа дисциплина, Ана Цветановска нема да може да настапи – соопштија од МОК.
Својот единствен настап на зимската Олимпијада, која денеска свечено беше отворена, Цветановска ќе ја има на 10 февруари во трката на 10 км – класично. Трката е со почеток во 08:00 часот по македонско време.