Цвеќиња „никнаа“ на автобуските постојки во Ѓорче Петров, скопјани паѓаат од смеење (ФОТО)

Страшна работа, уште цвеќиња фалеа на постојките, нив никој не ги одржува, а сега уште цвеќињата им фалеа – додава друг.

11,822

Цело Скопје се смее за акцијата што ја спроведува градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Имено, на повеќето автобуски постојки на територијата на Општина Ѓорче Петров, подмладокот на СДСМ во оваа општина во текот на вчерашниот ден започна со акција под мотото „Мали чекори за големи промени“ при што тие ги разубавуваа локалните автобуски станици со саксии цвеќиња.






– За ваква акција којзнае каква организациска подготовка имале, па како да ги наместат саксиите, со што да ги врзат – се вели во еден од коментарите.

– Страшна работа, уште цвеќиња фалеа на постојките, нив никој не ги одржува, а сега уште цвеќињата им фалеа – додава друг.

Сепак, СДММ во својата објава на Фејсбук ги повика и останатите жители на општината да се приклучат на акцијата и со мал труд да ја разубават нивната автобуска станица и се разбира, да ја одржуваат.

Поврзани содржини