ЦУК СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕТО Еве во кои делови од Македонија ќе има најмногу пороен дожд и грмежи

До крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), засилен ветер и изолирана појава на град.

17,047

Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи вечерва соопшти дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

Претходно УХМР соопшти дека во крајните јужни претежно планински подрачја и во подрачјето околу Демир Капија имаше локална појава на интензивен пороен дожд и грмежи.






До крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), засилен ветер и изолирана појава на град.

Поврзани содржини