„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ВО НОВО РУВО Ова се новите дресови на РК Вардар 1961 (ВИДЕО)

Новиот дрес за првпат ќе се носи на пријателскиот турнир во Магдебург, каде Вардар ќе одигра две средби.

486

Пред стартот на новата сезона, актуелниот македонски првак, Вардар 1961 ги промовираше дресовите.

Како што може да се забележи тие се дефинитивно се поинакви од минатогодишните, а првиот човек на клубот, Михајло Михајловски објасни дека од спортскиот бренд „Хумел“ имале пракса да го менуваат изгледот на секои две години.






„Црвено-црните“ ја одржаа промоцијата на тениското игралиште во СЦ „Јане Сандански“. Новиот дрес за првпат ќе се носи на пријателскиот турнир во Магдебург, каде Вардар ќе одигра две средби.

По Суперкупот, следниот официјален натпревар за Вардар ќе биде домашниот меч со Загреб на 26 август од четвртфиналето на СЕХА лигата.

Во новите дресови на промоцијата се појавија Едуардо Гурбиндо, Бакари Диало, Филип Талески, Тимур Дибиров и Али Сафар, а покрај нив на прес-конференцијата беа и Михајло Михајловски, како и новиот тренер Веселин Вујовиќ.

Поврзани содржини