ЦРВЕНИОТ КРСТ ГИ ОБЕЗБЕДИ ТРАНСПОРТОТ И ПОГРЕБАЛНАТА ОПРЕМА Досега собрани 43 милиони денари од донации

Во Кочани вчера беа ангажирани вкупно 165 волонтери кои дејствуваа како тимови за прва помош и психолошка поддршка.

213

Црвениот крст на Македонија во текот на вчерашниот ден беше дел од организацијата на погребите на трагично загинатите лица од пожарот во Кочани. Беа ангажирани вкупно 165 волонтери кои дејствуваа како тимови за прва помош и психолошка поддршка, беа поставени пунктови и логистичка поддршка на сите места каде се извршени погребите, обезбедена погребална опрема и транспорт за починатите.

– Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот во Кочани. Досега се собрани 43.149.360 денари. Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани – велат од Црвениот крст.






Црвениот крст на РСМ е во контакт со партнерските национални друштва од земјите каде се хоспитализирани повредените од пожарот каде им се обезбедува поддршка за семејствата на повредените. Особена поддршка е понудена од организациите на Црвен крст на Србија, Бугарија, Словенија и на Грција.

Поврзани содржини