Црвени прсти на нозете – нов симптом на ковид-19

1,082

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.732.702 лица. Од нив починати се 191.150, а оздравеле 750.864 луѓе

– Американски лекари откриле дека постои уште еден нов симптом кај пациенти со коронавирусот, што се манифестира со промена на бојата на прстите на нозете. Кај заразени со ковид-19 прстите се црвени, како по изложеност на студ, објави Дејли Хералд.






– Последен објавен симптом беше згрутчување на крвта,  што може да предизвика мозочен удар. Неодамна лекарите и пациентите открија и нов симптом, што го опишуваат како трпки по телото, што е знак дека телото во завршна фаза се бори со вирусот. Останатите вообичаени симптоми вклучуваат треска, болки, тешко дишење, замор, сува кашлица, дијареја, а од друга страна, некои луѓе немаат никакви симптоми. Евидентирани се и невролошки симптоми, вртоглавица и главоболка, атаксија што се опишува како недостаток на координација на движење, односно одење или кревање предмети. Атаксијата може да влијае на говорот, голтањето и движење на очите.

– Мнозинството Европејци ги поддржуваат политичките мерки преземени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус и од локалните самоуправи и од Светската здравствена организација, се вели во студијата на германски универзитет, цитирана од ДПА. Беа анкетирани околу 7.500 луѓе од Германија, Данска, Франција, Италија, Велика Британија, Португалија и Холандија за репрезентативна студија спроведена под раководство на Универзитетот во Хамбург. Шеесет проценти велат дека нивните земји реагирале правилно на пандемијата, а 16 проценти не ги поддржуваат мерките. Истражувањето најде особено силна поддршка, најмалку 80 проценти, за откажување на јавни настани, затворање на границите и училиштата. Користењето апликации за следење и податоци за мобилни телефони за да ги идентификувате луѓето кои имале контакт со заразени, создава различни одговори во зависност од земјата. Таква мерка во Германија одобруваат околу половината анкетирани, додека во Италија тој удел е 85 проценти.

– Бројот на потврдени случаи на инфекција со новиот коронавирус во Германија се зголеми за 2.337 на 150.383, според најновите објавени податоци од Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

– Компанијата Џонсон/Џонсон соопшти дека постигнале договор со биофармацевтската компанија Емергент БиоСолушн за користење на нивниот погон за производство на повеќе од милијарда дози вакцини против Ковид-19 чие тестирање е во тек.

– Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 39 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на ковид-19, со што официјалната бројка на носители на новиот коронавирус во Косово достигна до 669. Најголемиот број новозаразени, вкупно 26, се од општина Пеќ, деветмина се од Призрен, двајца од Северна Митровица и по еден од општините Исток и Звечане. Бројката на починати од заразата во Косово се искачи на 19.

Поврзани содржини