Црвена Ѕвезда бара истрага за смртта на Оџо – немал дозвола за тренинг откако прележал ковид-19

Како што пренесува „Блиц“, Оџо, којшто бил позитивен на вирусот ковид -19 немал дозвола од докторите за било каков тренинг иако добил два негативни тестови. 216 сантиметри високиот кошаркар на своја рака тренирал индивидуално, што се покажа фатално по неговиот живот.

1,016

Кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда од Министерството за внатрешни работи и обвинителството во Србија побара отворање на истрага по повод смртта на Мајкл Оџо. 27-годишниот кошаркар почина во петокот како последица од срцев удар откако му се слошило среде тренинг.

Како што пренесува „Блиц“, Оџо, којшто бил позитивен на вирусот ковид -19 немал дозвола од докторите за било каков тренинг иако добил два негативни тестови. 216 сантиметри високиот кошаркар на своја рака тренирал индивидуално, што се покажа фатално по неговиот живот.






„Црвено белите“ се подготвени да соработуваат со надлежните органи за ресветлување на случајот околу Оџо кој ја шокираше Европа со изненадувачка смрт. Резултатите од обдукцијата ќе пристигнат в понеделник.

Нигерискиот кошаркар во Европа пристигна на 24-годишна возраст. Во Србија прво играше за ФМП, а потоа направи трансфер во Црвена Ѕвезда. Со клубот од Белград освои три титули и играше во Евролигата.

Поврзани содржини