Црвен крст монтира тријажен шатор пред Здравствен дом во Неготино

Како што информираше секретарот Тошко Настов за МИА, тој ќе биде со клупи  и греење, а е наменет за чекална на пациенти кои се позитивни на коронавирус, со полесна клиничка слика и чекаат да примат соодветна терапија.

215

Неготинскиот Црвен крст монтира тријажен шатор пред Здравствен дом Неготино, за пациенти кои се позитивни на коронавирус.

Како што информираше секретарот Тошко Настов за МИА, тој ќе биде со клупи  и греење, а е наменет за чекална на пациенти кои се позитивни на коронавирус, со полесна клиничка слика и чекаат да примат соодветна терапија.






– Ние сме дел од Кризен штаб – Неготино и излегуваме во пресрет на барањата на Здравствениот дом. Стоиме на располагање да помогнеме на кој било начин, во рамките на нашите можности – рече Настов.

Поврзани содржини