ЦРТЕЖОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН УШТЕ ПОВЕЌЕ ГИ ПОДГРЕА ГЛАСИНИТЕ Дали се крие во установата поради унаказеното лице? (ФОТО)
Принцезата Шарлин од Монако се огласи од болницата по неодамнешните гласини за нејзиното уништено лице.
Принцезата Шарлин од Монако се огласи од болницата по неодамнешните гласини за нејзиното уништено лице.
Додека јавноста се прашува дали принцезата Шарлин (43) е во психијатриска болница или е вистинa гласината дека се крие затоа што има лузни на лицето по пластичните операции, таа се огласи на Инстаграм. Принцезата им се обрати на своите следбеници по повод претстојните празници и овој пат со оглед на околностите изостана нејзината традиционална фотографија со сопругот, принцот Алберт (63) и децата, близнаците, принцезата Габриел и принцот Жак (7).
Наместо тоа, најтажната принцеза сподели цртеж од себе и нејзиното семејство покрај украсена елка, а многумина тоа го поврзаа со гласините за неуспешната операција и нејзиното криење.
„На сите им посакувам убави и мирни божиќни празниви и и ви испраќам љубов“, напишала принцезата.
View this post on Instagram
Многу нејзини обожаватели, кои се загрижени бидејќи не знаат што се случува со Шарлин, се огласиле во коментарите.
„Шарлин, те сакаме“, „Брзо оздрави, наша прекрасна принцезо“, „Ти посакувам многу љубов и здравје“, „Луѓето те сакаат. Немој да се предадеш“, „Се надевам дека наскоро ќе бидеш подобро“, „Најсилните луѓе не се секогаш оние кои победуваат туку оние кои не се откажуваат кога губат!“, се некои од коментарите.
Имено, експертот за кралското семејство Пилар Ејре тврди дека принцезата се крие од јавноста бидејќи го уништила лицето на последната пластична операција. Наводно, принцезата отишла „под нож“ во Дубаи, но зафатот тргнал во несакан правец поради што Шарлин сега има лузни на лицето.
ФОТО: Инстаграм