ЦРНОГОРСКИОТ ПРЕМИЕР НОЌЕСКА ВИДЕЛ ЗОРТ? Инцидент избувнал во дискотеката каде што се забавувал Абазовиќ
Иако некои медиуми наведуваат дека непознато лице го нападнало Абазовиќ, полицијата тоа го демантирала.
Ноќеска се случил инцидент на концертот на Дино Мерлин во Будва, а за време на инцидентот таму бил присутен и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Иако некои медиуми наведуваат дека непознато лице го нападнало Абазовиќ, полицијата тоа го демантирала.
Според нив, во моментот кога Абазовиќ ја напуштал дискотеката „Топ Хил“ синоќа во 2 часот и 30 минути, дошло до физички конфликт меѓу две групи млади момчиња, но тоа немало никаква врска со премиерот и неговото обезбедување, ниту, пак, бил ставен премиерот во животна опасност.
Премиерот бил евакуиран и во моментот на инцидентот тој веќе излегувал од дискотеката.
„Инцидентот нема никаква врска со премиерот, ниту е загрозена неговата безбедност на кој било начин. Солзавец беше употребен за да се потисне конфликт меѓу две групи млади мажи, но тоа нема никаква врска со премиерот, неговите движења или неговите обезбедувачи“, соопшти црногорската полиција.