Црногорскиот министер за труд, Пуришиќ, позитивен на коронавирус

154

Министерот за труд и социјална грижа Кемал Пуришиќ е позитивен на коронавирус, соопшти преку Твитер Владата на Црна Гора.

Во објавата се посочува дека по добивањето на резултатите од тестирањето, од синоќа министерот и неговата сопруга се во самоизолација.






„Националното координативно тело (НКТ) го поздравува неселективното почитување на епидемиолошките мерки и му посакува на семејството Пуришиќ побрзо оздравување и враќање на работните обврски“, се посочува во објавата на црногорската Влада. 

Поврзани содржини