ЦРНОГОРЕЦ ШЕСТ ГОДИНИ БИЛ НА БОЛЕДУВАЊЕ Има и други граѓани кои се на пат да го соборат рекордот

Најчесто, луѓето кои се склони на злоупотребување се оние кои во некоја реорганизација се распоредени на некое место што не им одговара, или не им одговара новиот менаџмент или можеби некоја ситуација на работа, па тогаш, најлесно им е да одат на боледување, вели Вукосава Пејовиќ од Фондот за здравствено осигурување на Црна Гора.

622

Рекордното боледување во Црна Гора траело подолго од шест години, покажува евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување. Алармантно е тоа што има поединци кои се на добар пат да го соборат овој рекорд, изјави Вукосава Пејовиќ од Фондот за здравствено осигурување.

– Моментално имаме боледувања од 54 месеци, 58 месеци, што значи дека веќе четири и пол години во континуитет пациентите се болни – појасни Пејовиќ за ТВЦГ.






Постојат сомневања за можни злоупотребени боледувања, наведува Фондот.

– Најчесто, луѓето кои се склони на злоупотребување се оние кои во некоја реорганизација се распоредени на некое место што не им одговара, или не им одговара новиот менаџмент или можеби некоја ситуација на работа, па тогаш, најлесно им е да одат на боледување – додаде Пејовиќ.

Поврзани содржини