ЦРНОГОРЦИТЕ ДОБИВААТ ЕДЕН ЧАС ПОВЕЌЕ ЗА ОДМОР Црна Гора до крајот на годината воведува 7-часовно работно време

Доколку се усвои овој предлог, работната недела во Црна Гора ќе трае 35, наместо 40 часа.

715

Министерката за труд и социјална заштита на Црна Гора, Наида Нишиќ денеска најави дека до крајот на годината во Црна Гора може да се очекува воведување 7-часовно работно време.

Нишиќ за Радио Црна Гора изјави дека социјалните бенефиции во иднина ќе бидат поправедни, како и дека нема да има укинување на Фондот за пензиско осигурување, туку дека ќе се реформира, пренесува РТЦГ.






Црногорската министерка рече дека сите анализи покажале дека најголемата неправда им е нанесена на пензионерите кои својот работен век го поминале во различни земји и дека околу 3.500 пензионери од земјите од поранешна Југославија добиваат пензии кои кога ќе се соберат се пониски од просекот.

Доколку се усвои овој предлог, работната недела во Црна Гора ќе трае 35, наместо 40 часа. Инаку, 35 до 40 работни часа неделно или 7 до 8 часа дневно е стандард во повеќето европски земји.

 

Поврзани содржини