ЦРНИ КОВИД БРОЈКИ 35 мртви, 2.000 новозаразени и 267 заболени по вторпат

1,135

Во последните 24 часа направени се 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има 1.096 новозаразени, во Битола 123, Кавадарци 108, Куманово 96, Тетово 75, Прилеп 60, Велес 58, Гевгелија 39, Струмица 38, Гостивар 36, Охрид 30, Струга 26, Валандово 25, Неготино 24, Кичево 23, Делчево 20, Ресен и Радовиш по 19, Кочани 13, Крива Паланка 12, Штип 8, Свети Николе и Демир Хисар по 7, Дебар и Богданци по 6, Виница и Кратово по 5, Македонска Каменица 4, Берово и Демир Капија по 3, Крушево и Македонски Брод по 2 и по еден нов случај во Пробиштип и во Пехчево.






Од вкупниот број на позитивни (2.000), регистрирани се 267 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 6 починати лица од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по 3 починати лица од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), 2 починати лица од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Скопје (3), Кавадарци (2), Струга (2), Дебар(1), Свети Николе (1), Радовиш (1), Штип (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 61г до 89г. Од пријавените лица, 11 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 24.12.2021 -30.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=35),  13 лица се целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 806 оздравени пациенти.

Направени се 5.779 тестови преку: ИЈЗ-577, ЦЈЗ Скопје-109, ЦЈЗ Битола-111, ЦЈЗ Прилеп-79, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-222, Биотек-286, Систина-143, лабораторија Лаор-122, Синлаб-40, Ремедика-38, Плодност-87, Генеа-33, Никоб Лаб-649, ВФВ Медикал-106, Ели Медика-55, Ројал Медика–24, Спектра-ММ-58, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–27, Нова Лаб Дијагностика–38, Рамус-38, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.624.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 270.897, бројот на оздравени пациенти е 247.670, на починати е 8.444, а бројот на активни случаи изнесува 14.783.

Поврзани содржини