📽️ ЦРНИ КАЧУЛКИ И „ЗА ДОМ СПРЕМНИ“ НА СРПСКА МАНИФЕСТАЦИЈА ВО СПЛИТ Пленковиќ порача дека нема место за нетолеранција

Меѓу нападнатите биле членови на културно-уметничкото друштво од Нови Сад кои дошле да настапат на вечерната програма. Според полицијата, во нападот не било извршено физичко насилство, но атмосферата била исполнета со страв и навреди.

1,089

Група млади луѓе во црни маици и качулки ја прекинала манифестацијата Денови на српската култура во сплитскиот кварт Блатине. Присутните биле избркани со повици „За дом спремни“ и „Смеќа српска“, пренесуваат хрватските медиуми.

Настанот веднаш предизвикал лавина реакции.






Меѓу нападнатите биле членови на културно-уметничкото друштво од Нови Сад кои дошле да настапат на вечерната програма. Според полицијата, во нападот не било извршено физичко насилство, но атмосферата била исполнета со страв и навреди.

Притоа, нападнатите напуштиле просторијата додека полицијата започнала истрага за идентификација на сторителите.

Сведоци потврдиле дека меѓу насилниците имало и возрасни мажи кои ги предводеле младите. Некои од нив ги подигале десниците и извикувале националистички пароли.

– Петмина упаднаа во салата и бараа да го прекинеме настанот, велејќи дека „нема место за вакви програми во месецот кога се обележува Вуковар“ – изјави Илија Борковиќ, потпретседател на сплитскиот пододбор на Просвета.

Според организаторите, пред објектот имало најмалку сто млади лица во маскирни униформи, кои го блокирале влезот и заплашувале.

Градоначалникот Томислав Шута остро реагирал на настанот. – Сплит мора да биде град на сигурност, толеранција и почитување кон сите граѓани, без оглед на нивната национална или верска припадност – истакна тој.

Пратеничката Маријана Пуљак од Центар нагласила дека очекува решителна реакција од градските власти и полицијата. Партијата Можемо оценила дека се работи за „срамна епизода“ во животот на градот и повикала на итна осуда.

Сепак, најсилна била реакцијата на премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, кој на социјалната мрежа Икс објави:

„Нajoстро ги осудуваме инцидентите во Сплит за време на културната манифестација на српската национална заедница. Очекуваме дека надлежните органи ќе ги процесуираат одговорните во најкраток можен рок“.

Хрватскиот премиер додаде дека во хрватското општество нема место за исклучивост или нетолеранција кон националните малцинства.

Јавноста остро го критикува растечкиот национализам и бара засилено полициско присуство за време на културни настани од малцински заедници.

Во меѓувреме, Прoсвета најавила дека манифестацијата Денови на српската култура ќе продолжи во други градови, под зајакнати безбедносни мерки.

Поврзани содржини