ЦРНА ГОРА ЗАБРАНИ ПРОСЛАВИ НА ОТВОРЕНО Пред Нова Година се размислува и за поостри мерки

Министерката за здравство Јелена Б. Бојовиќ на прес-конференцијата рече дека Владата сè уште ја разгледува можноста од 1 декември да воведе обврска за поседување сертификат за целата јавна администрација – во здравството, образованието, полициската администрација и во армијата.

316

Црногорската влада донесе нови мерки во борбата против епидемијата на коронавирус, кои засега ќе бидат на сила од 15 ноември до 1 декември. Забрането е организирање на новогодишни прослави на отворено – концерти и масовни собири, пренесува Н1.

Забрането ќе биде и организирањето на свадби на отворено и на затворено, како и работата на ноќни клубови. Само до полноќ ќе работат угостителските објекти. Меѓу другото, забрането е и организирање ученички екскурзии, приватни прослави и родендени, а престојот во куќи и станови се препорачува само на членовите на истото домаќинство.

 






Министерката за здравство Јелена Б. Бојовиќ на прес-конференцијата рече дека Владата сè уште ја разгледува можноста од 1 декември да воведе обврска за поседување сертификат за целата јавна администрација – во здравството, образованието, полициската администрација и во армијата.

Исто така, од 1 декември, доколку се донесат овие мерки, сертификатот ќе биде неопходен за влез во јавниот превоз, трговските центри, спортските сали, деловните простории и деловните објекти во кои дејноста ја вршат повеќе од три фирми и во објекти над илјада метри квадратни во кои се врши малопродажба на непрехранбени производи.

– Сите што починаа во Црна Гора од 1 мај до денес, а беа под 40 години, беа невакцинирани. Ги замолувам граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат за да се заштитат од тешки форми на болести и смртни случаи и ги повикувам сите надлежни служби за контрола на мерките да бидат истрајни во заедничката задача – сузбивање на епидемијата – изјави министерот за здравство.

Црна Гора е една од првите балкански земји кои летово воведоа ковид-сертификати за какви било затворени простории. Беа стопирани и забавите по јахти и бродови кои обично се случуваат во туристичките места. Националниот сертификат е исто така услов за преминување на државната граница.

Поврзани содржини