ЦРНА ГОРА ВОВЕДУВА СЕДУМЧАСОВНО РАБОТНО ВРЕМЕ Се водат преговори за финалната верзија на реформата
Намерата е преку широки консултации да се спроведе една од најголемите реформи во областа на работата, која има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните и „повеќе време за семејството, но и поефикасна и попродуктивна работа“.
Црна Гора е близу до одлука за воведување седумчасовно работно време, изјави тамошниот премиер Милојко Спајиќ,објави државната телевизија..
Тој најави дека на почетокот на следната недела, министерката за труд и социјална заштита, Наида Нишиќ, ќе води дискусии во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите, каде што, како што рече, ќе се кристализира финалната верзија на реформата.
Намерата е преку широки консултации да се спроведе една од најголемите реформи во областа на работата, која има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните и „повеќе време за семејството, но и поефикасна и попродуктивна работа“.
– Точно на начинот на кој беа имплементирани програмите Europe Now 1 и Europe Now 2 – со согласност и на работодавачите и на синдикатите – конкретни чекори во случај на реформа на 7-часовното работно време ќе бидат преземени исклучиво со целосна поддршка на социјалните партнери – рече Спајиќ.
Тој рече дека верува оти министерката Нишиќ, во име на Владата, ќе направи сè за да се постигне договор во оптимален рок со цел „да се исполнат очекувањата на граѓаните и да се зајакне позицијата на сите вработени“ во Црна Гора.