Црна Гора: Во карантин сите што ќе дојдат од Србија
Денеска истото тело воведе повеќе мерки за цела Црна Гора, особено за северниот регион, пренесе „Вијести“.
Црногорското Национално координативно тело за заразни болести денеска одлучи сите кои од Србија ќе влезат во Црна Гора од вечерва ќе бидат упатени во карантин.
Денеска истото тело воведе повеќе мерки за цела Црна Гора, особено за северниот регион, пренесе „Вијести“.
Одлучено е Црна Гора да не се затвори за своите државјани, но во соопштението се вели дека стапката на активни случаи во Република Србија, особено на границата со Црна Гора, налага најстроги епидемиолошки мерки.
Дополнителните мерки кои се донесени за некои региони во Црна Гора, подразбираат затворање на угостителски објекти во некои места на една недела, некаде не се дозволени собири на затворено, ниту на отворено, верските објекти да се придржуваат на епидемиолошките мерки, со дезинфекција и мал број верници, задолжително носење маски, во автомобил не смеат да се возат повеќе од две лица, освен од исто семејство…