ЦРНА ГОРА УНИШТИ 20 ТОНИ БАНАНИ Имале премногу пестициди
Во извештајот за септември се наведува дека 2.700 килограми нектарини се уништени поради пестицидот форметанат, кој е забранет и во земјите од Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.
Инспекторите во Црна Гора во септември уништиле околу 20 тони банани кои содржеле пестициди во поголема количина од дозволената, јавува Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на извештајот на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи.
Како што е наведено во документот, уништени се 19.591 килограм банани бидејќи во нив бил пронајден нелегалниот пестицид хлорпирифос – кој во Црна Гора е целосно забранет.
Во извештајот за септември се наведува дека 2.700 килограми нектарини се уништени поради пестицидот форметанат, кој е забранет и во земјите од Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.
Инспекторите уништиле и две пратки со добиточна храна во количина од 20.580 килограми бидејќи им поминал рокот на употреба.
Покрај уништената храна, во небезбедните пратки се и оние кои се вратени.
Инспекторите во септември од граница вратиле две пратки добиточна храна во количина од 48.900 килограми и 21.104 килограми лимони.
Вратени се и пратка корнишони од 1.786 килограми, 10.774 килограми домати и една пратка краставици од 2.229 килограми и 8.298 килограми грозје.