ЦРНА ГОРА СО ЗАОСТРЕНИ МЕРКИ Ковид-потврда и за влез во големи супермаркети
Црна Гора ги заострува ковид-мерките заради новите заболени и починати од делта-сојот. Дури девет од десет починати пациенти со коронавирус во оваа земја не биле вакцинирани.
Ковид-потврда ќе се бара за влез во сите супермаркети кои надминуваат 1.000 квадратни мерти во Црна Гора од 9 октомври, најави тамошниот Институт за јавно здравје. Оваа мерка заедно со новите рестрикции на кој било собир во угостителски објект не надмине 50 луѓе, а она што е добра вест е дека луѓето ќе можат веднаш да добијат ковид-потврда без да чекаат 14 дена од второто боцкање, дознава Телеграф.
– Националниот сертификат за ковид се издава веднаш по примањето на втората доза од вакцината и ќе важи веднаш, односно – повеќе не треба да чекате 14 дена од целосната вакцинација – рече директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ на денешната прес-конференција, пренесува Вијести.
Сопствениците, корисниците и управителите на разните типови на објекти се должни да контролираат и да назначат лице одговорно за почитување на оваа мерка, објаснија од Институтот.
До 50 луѓе, а и музичарите да се вакцинираат
Бројот на луѓе присутни на свадби и други приватни прослави организирани во угостителски објекти, со поседување на Национален сертификат за дигитален Ковид, е ограничен на 50 – и во случај кога церемонијата се одржува на тераса или во градината, или внатре во угостителството објекти.
Дозволено ќе би и изведување музика во живо внатре во угостителските објекти со обврска сите вработени, музичари и гости да бидат вакцинирани, односно да го имаат Националниот дигитален сертификат на Црна Гора.
Сите починати во Црна Гора, на возраст под 40 години, не биле вакцинирани
Очигледно е дека и Црна Гора како и многу земји ги заоструваат ковид-мерките заради новите заболени и починати од делта-сојот. Најмногу од нив не биле вакцинирани.
– Сите починати од последиците од ковид-19, помлади од 40 години, не беа вакцинирани против таа болест – рече Галиќ.
Дури девет од десет починати пациенти со коронавирус не биле вакцинирани.
– Секој друг возрасен граѓанин прими барем една доза од вакцината против ковид-19, а околу 45 отсто беа целосно вакцинирани – објасни тој.