Црна Гора со ригорозни затворски и парични казни се справува со ковид-19

Сепак, повторно ковид-19 се врати во земјата, па поради тоа Владата ги потсети граѓаните да ги почитуваат здравствените прописи, а доколку не го сторат тоа може да заработат големи казни.

242

Од парична казна до казна затвор до 12 години е опсегот предвиден со Црногорскиот кривичен законик за кривично дело непостапување по здравствените прописи регулативи за борба против опасната болест, членовите 287 и 302.

Уште од почетокот на пандемијата Црна Гора неколку пати го менуваше Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, притоа одредувајќи високи казни со цел да се сопре ширењето на ковид-19 во земјата.






Црна Гора беше првата земја во регионот која прогласи „победа“ над коронавирусот, додека другите земји се уште водеа битка со болеста. Сепак, повторно ковид-19 се врати во земјата, па поради тоа Владата ги потсети граѓаните да ги почитуваат здравствените прописи, а доколку не го сторат тоа може да заработат големи казни.

 

Меѓу најригорозните казни се оние за непочитувањето на мерката за самоизолација, за што може да се добие парична казна или затвор до една година. Оној кој ќе ја прекрши мерката за самоизолација, а притоа наруши нечие здравје му се заканува казна од 1 до 8 години затвор, а доколку некој со пренесувањето на ковид-19 предизвика нечија смрт казната е од 2 до 12 години.

Со влегувањето во сила на новиот закон за заштита од коронавирусот, Управата за инспекциски работи на Црна Гора ригорозно започна со казнување со цел спречување на ширење на вирусот, а предвидените казни се движат од 500 до 20.000 евра.

 

Владата тогаш објави дека се предвидени казни од 2.000-20.000 евра за правни лица, од 200-2.000 евра за лица одговорни во правни лица и од 350 до 6.000 евра за фирми кои не обезбедуваат физичко растојание и заштитна опрема.

 

Црногорските власти пропишаа високи казни за не носење маски во затворени простории или јавен превоз, како и такси возило, а казните се движат од 100 до 2.000 евра!

 

Поврзани содржини