ЦРНА ГОРА „ПРОДАВА“ ПАСОШИ НА БОГАТИ РУСИ Европската комисија изрази загриженост од оваа појава

Црногорско државјанство, според програмата од 2019 година, добиле вкупно 409 странци, а најмногу од нив (241) се Руси, покажаа податоците на Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора.

118

Европската Комисија (ЕК) будно ја следи ситуацијата на Западен Балкан, вклучувајќи ги и оние работи што може да се сфатат како заобиколување на мерките во рамки на надворешната и безбедносната политика на Европската Унија (ЕУ) – изјави за „Вијести“ портпаролката на ЕК, Ана Писонеро Хернандез коментирајќи го тоа што црногорската Влада и покрај препораките на ЕУ, продолжува да ја спроведува програмата за економско државјанство.

– ЕК доследно ја советуваше Црна Гора да ја укине шемата со доделување државјанство на инвеститори поради ризиците што ги претставува, како перење пари, затајување данок, финансирање тероризам, корупција и инфилтрација на организиран криминал, појасни Писонеро Хернандез.






Како што таа додаде, како кандидат за членство во ЕУ, Црна Гора треба да се воздржи од какви било мерки, што можат да загрозат постигнување цели на Унијата, вклучувајќи ги привилегиите за доделување државјанство.

Програмата е со план да трае три години и ја смисли и ја спроведе претходната Влада во 2019 година. Црногорско државјанство, според програмата од 2019 година, добиле вкупно 409 странци. Најмногу од нив (241) се Руси, покажаа податоците што неодамна ги објави Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора.

Поврзани содржини