ЦРНА ГОРА ГО ПРОГЛАСИ ПОНЕДЕЛНИК ЗА ДЕН НА ЖАЛОСТ Подгорица спремна да му помогне на Скопје

Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време и со ова ја информира јавноста дека понеделник, 17 март, во Црна Гора ќе биде Ден на жалост, напиша црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на Икс.

401

По повод трагедијата во Северна Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост.

„Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време и со ова ја информира јавноста дека понеделник, 17 март, во Црна Гора ќе биде Ден на жалост. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли и молитви се со Северна Македонија“, напиша црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на Икс.

Поврзани содржини