ЦРНА ГОРА ГИ УКИНА ВИЗИТЕ ЗА ТУРСКИТЕ ГРАЃАНИ Зголемени се миграциските проверки

Причината за воведување на визите беше беше инцидентот што се случи на 25 октомври во подгоричката населба Забјело, кога жител на Подгорица беше избоден со нож, наводно од Турци, по што избија немири во земјата.

200

Владата на Црна Гора го укина привременото суспендирање на безвизниот режим за граѓаните на Турција, со тоа што дозволениот престој е намален од 90 на 30 дена, пренесува Н1.

Ова е мерка за спречување на нелегалната миграција, а со цел да се усогласи со визната политика на Европската Унија, соопшти Владата.






Владата наведува дека соработката со турските власти е подобрена, со спроведување на зголемени безбедносни и миграциски проверки. Одлуката предвидува намалување на дозволениот престој од 90 на 30 дена, со напомена дека во случај на проценка на безбедносните ризици, визниот режим може да се врати.

Од крајот на октомври, кога Владата ги воведе визите, речиси 9.000 турски граѓани ја напуштиле Црна Гора, а во истиот период биле одобрени 194 барања за виза за граѓаните на таа земја.

Причината за воведување на визите беше беше инцидент што се случи на 25 октомври во подгоричката населба Забјело, кога жител на Подгорица беше избоден со нож. Иако полицијата првично тврдеше дека во ранувањето биле вклучени турски државјани, на крајот се покажа дека жителот на Подгорица наводно бил ранет од двајца азербејџански државјани.

Поврзани содржини