Црна Гора ги отвора границите за македонските туристи, нема да е потребен ниту негативен ПЦР тест

Се очекува наредните неколку денови да биде прецизиран конкретниот датум.

1,062

Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите за туристите од Русија, Белорусија, Украина и од Македонија, објави црногорскиот министер за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ, на Твитер.

„Драго ми е да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и PCR-тестирање, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона“, напиша на руски јазик Спајиќ.






Се очекува наредните неколку денови да биде прецизиран конкретниот датум.

Поврзани содржини