Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани, најверојатно со негативен ПЦР тест

482

Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и за Косово, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша.

– За влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест или серолошки тест ЕЛЕСА – изјави Мугоша во гостувањето на утринската програма на телевизијата „Вијести“.






Според него, одлуката за отворање на границите е донесена на барање на туристичката заедница.

Начините за влез во земјата треба да ги одреди денеска на седница Националното координативно тело.

Поврзани содржини