ЦРНА БОЈА ВРЗ ЛИКОТ НА НОВАК Уништен муралот на Ѓоковиќ во Белград, остра реакција на авторот

Одамна го освоивме врвот на дното, но продолжуваме во стартосВерата. Не грижи се, брате мој @djokernole – одмаздата ќе следи, но без маска, среде ден, онака како што го правиме тоа“, напиша Јосифовски и објави фотографија од оштетениот мурал.

533

Мурал посветен на Новак Ѓоковиќ, што се наоѓа во центарот на Белград, е прекриен ноќеска со црна боја. Делото на уметникот и активист Андреј Јосифовски, познат како Пијанистот, беше инспирирано од познатото „пумпање“ на Новак за време на овогодинешниот Вимблдон.

На муралот што го прикажува Ѓоковиќ во момент на карактеристична гестикулација и енергија, имаше натпис: „ПУМПАЈ, ПУМПАЈ, зошто застана!?“.






Во текот на ноќта непознато лице истурило црна боја врз муралот, а авторот Андреј Јосифовски за инцидентот објави на своите профили на социјалните мрежи, пренесуваат белградските медиуми.

„Замислете го тој голем патриЈот во портокалова јакна со капа, кој се прикрадува ноќе, потоа стои пред Новак (ЕЈ НОВАК!) – го гледа во очи и му фрла боја по лицето и телото. Тоа е фина срБска младина човек од кафезот кој сака да научи да црта графити. Одамна го освоивме врвот на дното, но продолжуваме во стартосВерата. Не грижи се, брате мој @djokernole – одмаздата ќе следи, но без маска, среде ден, онака како што го правиме тоа“, напиша Јосифовски и објави фотографија од оштетениот мурал.

Муралот беше создаден како почит кон енергијата и борбеноста на Новак на Вимблдон, каде што за време на натпреварот ја подигна атмосферата и ја мотивираше публиката со своето познато „пумпање“.

Ѓоковиќ неодамна привлече големо внимание и надвор од спортските терени, бидејќи јавно ги поддржа студентите кои бараат одговорните за трагедијата во Нови Сад да бидат гонети, кога 16 лица загинаа при падот на бетонската настрешница.

По таа поддршка, Ѓоковиќ се најде на удар од дел од јавноста, а турнирот „Србија Опен“ мораше да се премести од Белград во Атина.

Поврзани содржини