ЦРНА БОЈА НА ДРЕСОВИТЕ НА БАЕРН МИНХЕН Спонзорите на црвениот дрес ќе бидат напишани со црна боја

Изменетиот дрес фудбалерите на овој германски клуб ќе го носат следната сезона.

465

Дресовите на германски клуб Баерн Минхен наредната сезона ќе бидат видоизменети. Дресот ќе остане традиционално црвен но буквите на спонзорите наместо со бела ќе бидат напишани со црна боја.

Ова е објавено на специјализираниот сајт „Footy Headlines“.






Со црна боја ќе биде испишано името на двата спонзори, „Т-мобиле“ и „Адидас“. Белата боја на дресот сепак ќе постои и во гарнитурата за сезоната 2022/23 и тоа на страничните делови. Дресовите за следната сезона официјално треба да бида претставени во мај 2022 година, по одигрување на последното коло од оваа сезона.

Поврзани содржини