ЦРН РЕКОРД ВО РУСИЈА Од ковид-19 починаа 1.211 луѓе во еден ден
Русија по последните 24 часа регистрира 39.160 новозаразени со коронавирусот, што е најмал број во изминатата недела.
Бројот на починати од ковид-19 во Русија се зголеми за 1.211 во последните 24 часа, во споредба со 1.190 еден ден претходно, што е најнов црн рекорд од почетокот на пандемијата.
Од почетокот на пандемијата досега од ковид-19 починале вкупно 249.215 пациенти, покажуваат податоците на Рускиот кризен центар за борба против коронавирусот.
Русија по последните 24 часа регистрира 39.160 новозаразени со коронавирусот, што е најмал број во изминатата недела.
Така, вкупниот број на заразени со Ковид од почетокот на пандемијата достигна 8.873.655 случаи, соопшти Кризниот центар за борба против корона вирусот.