ЦРН ЧАД И ОГРОМЕН ПЛАМЕН Се запали БМВ во движење на автопатот Скопје-Велес (ФОТО)
Засега немаме информации колку лица имало во автомобилот и дали има повредени, но може да се забележи дека се застанати неколку возила и камиони кои му притрчале на помош на сопственикот при гаснење на автомобилот.
Некаде околу пладне на автопатот Скопје-Велес се запали возило во движење од марката БМВ, кое потоа гореше на помошната лента.
Според фотографиите и видеата кои се споделуваа на социјалните мрежи, може да се забележи од далеку се издигнува црн дим од автомобилот, кој е целосно во пламен.
Засега немаме информации колку лица имало во автомобилот и дали има повредени, но може да се забележи дека се застанати неколку возила и камиони кои му притрчале на помош на сопственикот при гаснење на автомобилот.
Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо ја потврдија информацијата дека во 12.30 часот било пријавено кај нив дека се запалило возило во движење од марката БМВ, но немаат информации за повредени и која е причината за настанатиот пожар, затоа што сега екипи ќе вршат увид на местото на настанот.
