ЦИВИЛИТЕ МОРА ДА БИДАТ ЗАШТИТЕНИ ПО СЕКОЈА ЦЕНА Македонското МНР го осуди масакрот во Газа

Од Министерството за надворешни работи повикуваат да се овозможи безбедна испорака на хуманитарната помош.

157

Министерството за надворешни работи најостро го осудува нападот во Газа, кој однесе животи на голем број невини луѓе додека чекаа за храна околу камионите за хуманитарна храна.

„Ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право. Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена“, се вели во соопштението испратно до медиумите.

Поврзани содржини