„ЦИТРОЕНОТ“ МНОГУ ЧАДЕЛ И БАВНО ВОЗЕЛ Пријателот од „Сејф сити“ му рекол на Гоце дека 3 дена го барале возилото на Жежовски, а тој веднаш го нашол

Пријателот од „Сејф сити“ му рекол на Гоце да го пребара на Гугл името Панче Жежовски, и тој тогаш видел дека станува збор за исчезнато лице. Во исто време наишол и на фотографија од автомобилот, кога бил огласен за продажба, а на неа се гледала таблицата.

1,226

Сведокот Гоце Трајковски на снимките од камерите забележал дека возилата поминуваат со 40-50 на час, а само еден „цитроен“ многу чадел и многу бавно возел.

– Ми падна чудно тоа што првите 5-6 коли поминуваа со 40-50 км на час, а „цитроенот“ многу чадеше и многу бавно возеше. Му реков на Саше дека колата ми е сомнителна, дека работи под саух и дека е тазе запалена, а и прозорците беа замаглени. Скриншотите ги препратив кај другарот во „Сејф сити“. По 3 часа ми се јави другарот од „Сејф сити“ и ми рече дека сум ненормален поради тоа што сум го нашол „цитроенот“. Тогаш ми кажа дека 3 дена го бараат тоа возило и дека е на исчезнат велешанец – рече Гоце.






Пријателот од „Сејф сити“ му рекол на Гоце да го пребара на Гугл името Панче Жежовски, и тој тогаш видел дека станува збор за исчезнато лице. Во исто време наишол и на фотографија од автомобилот, кога бил огласен за продажба, а на неа се гледала таблицата.

– На снимката не се гледаше регистарскиот број. Тоа не е секојдневна кола, туку кола стара 50 години. Лесно е да ја забележат камерите и да ја снимат таблицата. Така пријателот сфатил дека тој „цитроен“ е на Панче. „Цитроенот“ кога се вклучува на Партизанска, вози 30 метри по третета лента кон „Силбо“. Доаѓа до дирекцијата на Лукоил, но се враќа во рикверц и минува на втората лента иако немаше потреба. Тогаш му реков на Александар „Види, како некој да му диктира на возачот да не вози на третата лента за да не може да го фатат камерите од дуќаните и да се измеша меѓу другите коли“ – рече Трајковски.

Тој додаде дека сомнително му било уште едно големо комбе и пикапот „рено кангу“. Кога комбето скршнало на друга страна, во фокусот им останале „цитроенот“ и „реното кангу“, бидејќи возеле во иста насока и блиску едно до друго.

Додека гледале снимки кај Александар дома, на Гоце му се јавил некој инспектор од МВР и му рекол дека имаат осомничени лица од Велес, но да не му кажува на таткото на Вања за да не се испаничи.

– Но Александар го слушнал муабетот и подоцна му се јавил на инспекторот Музафер и барал веднаш да бидат уапсени осомничените велешани. Инспекторите лажат сите до еден дека таткото знаел сѐ од првиот ден. Ќе ви откријам сѐ што ме тераа да правам – рече Гоце.

Тој додаде дека мајката на Вања, Зорица ја запознал откако исчезнала Вања.

– По смртта на Вања, Зорица живееше со моја братучетка која е мажена за прв братучед на Зорица. Зорица ми пишуваше дека е зачудена дека Александар бил вмешан во сето ова затоа што бил грижлив татко. Особено бил приврзан за Вања. Да кивнела, тој веднаш ја носел на лекар. Зорица дури ми кажа дека Александар има дадено отказ од работа само за да минува повеќе време со децата. Со Александар се немав видено 15-20 години, ама мислам дека никогаш не бил во финансиска криза оти е од имотна фамилија. И да му требале пари, ќе продал некој стан и ќе имал пари – рече Гоце.

 

„ПАЗИ ШТО ЗБОРИШ ДА НЕ ПРОПАДНЕШ ВО ДУПКА“ Гоце Трајковски тврди дека му се заканувале членови на Десна пред да сведочи

 

Поврзани содржини