🎥ЦИСТЕРНА ЕКСПЛОДИРАШЕ НА АВТОПАТ ВО СЛОВЕНИЈА Во сообраќајката учествувале повеќе возила

Поради сериозна сообраќајна несреќа, автопатот Штајерски во Словенија е затворен во двата правци помеѓу клучките кон Словенска Коњица и кон Словенска Бистрица југ.

286

Цистерна експлодираше во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Штајерски во Словенија. Силната детонација се слушнала во голем дел од Словенска Бистрица, што многу ги вознемирило жителите.

Поради сериозна сообраќајна несреќа, автопатот Штајерски во Словенија е затворен во двата правци помеѓу клучките кон Словенска Коњица и кон Словенска Бистрица југ.






На возачите на патнички возила им се препорачува да се пренасочат кон регионалните патишта кон Марибор и кон Целје, објави Сообраќајниот информативен центар на Словенија.

Влезот кон Словенска Бистрица југ во правец на Љубљана е затворен, како и влезот кон Словенска Коњица во правец на Марибор.

 

Сообраќајни метежи се создаваат и на автопатот и на регионалните патишта. Сообраќајниот информативен центар утрово ги повика возачите да формираат итен коридор за спасување  во колони. За камионите што патуваат помеѓу Марибор и Љубљана во двата правци, се препорачува заобиколен пат низ Хрватска.

Во несреќата учествувале неколку возила.

Се чекаат официјални соопштенија од полицијата и пожарникарите, кои го изгаснаа големиот пожар.

Поврзани содржини