ЦИПРАС ЌЕ МУ ГО ПРОБА АЈВАРОТ НА ЗАЕВ Поранешните премиери се дружат во Струмица

На Конгресот на СИРИЗА одржан лани, додека Ципрас беше претседател на партијата, присуствуваше и Заев кој им се обрати на членовите на партијата.

1,057

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска е во приватна посета на Струмица, на покана на поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на МИА од Атина, станува збор за еднодневна приватна посета.






Во периодот кога Заев и Ципрас беа премиери на двете земји беше потпишан Договорот од Преспа, а оттогаш одржуваат пријателски односи.

На Конгресот на СИРИЗА одржан минатата година, додека Ципрас беше претседател на партијата, присуствуваше и Заев кој им се обрати на членовите на партијата.

Неодамна Заев во интервју за грчката телевизија Уан Канал го нарече Ципрас свој брат и рече дека „ќе бидеме браќа до крајот на животот, бидејќи заедно имавме доволно храброст да ги ‘пресечеме’ бариерите меѓу нашите земји и да изградиме братска соработка меѓу Грција и Северна Македонија“.

ЌЕ ОСТАНЕМЕ БРАЌА ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ Еве какви совети му делел Заев на Ципрас кога му било најтешко

 

Поврзани содржини