Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на „Преспа форумот“ во Охрид побара смена на имињата и на институции и учебници во Македонија.
– Имплементацијата на Договорот од Преспа мора да продолжи, посебно со смена на имињата на јавните субјекти и училишните учебници. Единствениот пат да продолжиме напред е да продолжиме да градиме доверба меѓу нас и се разбира, ова е патот за да продолжи интеграцијата на Северна Македонија – рече Ципрас.