Циклус филмови со Чарли Чаплин под отворено небо во Кинотека

313

Кинотеката од  петок со почеток во 21 часот почнува со прикажување филмови на Чарли Чаплин во летното кино под отворено небо.

Со  десет наслови  во овој исклучителен циклус – кој го опфаќа творештвото на Чаплин од неговите почетоци па сѐ до последните дела, Кинотеката овозможува увид во најдоброто од златната ера на немиот филм, но и начинот со кој Шарло се справува со предизвикот на звучниот филм.






Чарлс Спенсер Чаплин (Charles Spencer Chaplin), или едноставно Чарли Чаплин (Лондон, 15 април 1889 –Корсие-сур-Вевеј, 25 декември 1977), не само што е класик во светската кинематографија, туку со него и започнува тој период што ние денес го нарекуваме класика. И, како во случајот со сите класични филмски ликови, сѐ започнало едноставно: насмеј ја публиката, освој ги нивните срца, и биди на нивна страна, макар што заради тоа ќе ти замериестаблишментот, па и со децении ќе ти забрани влез во земјата (САД) каде што направил една од најголемите кариери во филмската индустрија.

 

Поврзани содржини