ЦИКЛОНОТ НИ ДОАЃА ДИРЕКТНО ОД ЏЕНОВА Носи обилни дождови, силен ветар и грмежи
Врнежи од дожд и засилен до силен ветер од јужен и од југозападен правец со овој бран ќе има и во Скопје и околината.
Од Џенова кон Македонија надоаѓа огромен циклонски облачен систем кој ни носи голема промена на времето проследена со обилни врнежи од дожд, бурен јужен и југозападен ветер (до 90 км/час) локална појава на грмежи и локално силно невреме, особено изразено во западните предели од земјата, пишува порталот Метеоаларм.мк.
Локално, особено во западните предели до понеделник претпладне ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Врнежи од дожд и засилен до силен ветер од јужен и од југозападен правец со овој бран ќе има и во Скопје и околината.
Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот линк.