Под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас во Македонија продолжува периодот на многу променливо време со температури над просекот за овој период од годината и тоа поради силното јужно и југозападно струење на висина кое условува прилив на топол воздух од југозапад. Ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд кои на повеќе места пообилни ќе бидат во понеделник и во вторник кога локално ќе бидат проследени и со појава на грмежи.
Поврзани содржини