ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА, ДОЖД ЌЕ ИМА ДО НЕДЕЛА Метеоролозите предупредуваат на силни врнежи низ целата

УХМР предупредува на силни врнежи утре насекаде, со најобилен дожд во јужните региони, а стабилизација на времето се очекува од недела.

0

Македонија влегува под силно циклонично влијание, а утрешниот ден ќе донесе врнежи од дожд на целата територија на земјата.

УХМР предупредува дека во јужните региони дождот ќе биде особено обилен, локално може да наврнат и над 40 литри на квадратен метар за само 24 часа.






Според метеоролозите, собраниот облачен систем ќе се задржи и во сабота, кога се очекуваат локални врнежи, повторно најмногу во југот од државата. Попладне дождот постепено ќе престанува.

Од недела, времето конечно ќе се стабилизира. Утринските температури ќе бидат пониски, но дневните ќе почнат да растат.

Главниот град утре ќе се соочи со повремено пообилни врнежи, а во сабота дождот ќе продолжи со намален интензитет и ќе престане во попладневните часови.

Поврзани содржини