ЦИГАРИТЕ НЕ ШТИТАТ ОД КОРОНА Научниците ја решија дилемата и потврдија дека пушачите потешко ја победуваат заразата

Истражувањето покажало дека во споредба со непушачите, луѓето кои пушат цигари во просек 80 отсто почесто биле хоспитализирани, а професорите од Универзитетот Оксфорд коментирале оти идејата дека пушењето цигари може да заштити од ковид-19 секогаш била малку веројатна.

2,784

Дали луѓето кои пушат цигари се позаштитени од коронавирусот? Ова прашање се поставува уште од самиот почеток на пандемијата со ковид-19, а научниците делеа различни мислења. Едни тврдеа дека белите дробови на пушачите се доволно здрави и силни за да се спротивстават на инфекцијата, а други, пак, предупредуваат дека пушачите ќе поминат многу полошо доколку се заразат со ковид-19.

Во Велика Британија сега било спроведено истражување на оваа тема, а научниците предводени од д-р Ешли Клифт од Универзитетот Оксфорд анализирале податоци од 13.446 луѓе кои спровеле молекуларно тестирање на новиот коронавирус. Па така, од вкупно 1.649 испитаници, 968 биле хоспитализирани, а 444 ја загубиле битката против вирусот.






Како што е наведено во извештајот, 59 отсто од испитаниците не биле пушачи, 37 отсто биле поранешни пушачи и само 4 отсто биле активни пушачи од кои 71 отсто пушеле од една до 10 цигарни дневно, а 29 отсто пушеле повеќе од 20 цигари дневно.

Истражувањето покажало дека во споредба со непушачите, луѓето кои пушат цигари во просек 80 отсто почесто биле хоспитализирани, а професорите од Универзитетот Оксфорд коментирале оти идејата дека пушењето цигари може да заштити од ковид-19 секогаш била малку веројатна.

„Пандемијата со ковид-19 е момент кога пушачите треба да размислат за употребата на цигарите. Нашите податоци покажуваат дека пушењето цигари е поврзано со ризик од сериозен облик на ковид-19. Како што пушењето цигари влијае на ризикот од кардиоваскуларни болести, разни видови рак и други проблеми, таа и влијае врз ковид-19. Како и секогаш, сега е моментот да престанете да пушите цигари“, наведуваат научниците.

Поврзани содржини