Циципас го освои првиот Мастерс во кариерата

22-годишниот Циципас стана најмладиот шампион на Монте Карло од 2008 година, кога Рафаел Надал го освои трофејот.

336

Петтиот рекет на светот Стефанос Циципас, попладнево го победи Андреј Рубљов со 2-0 во финалето на турнирот во Монте Карло и ја освои шестата титула во кариерата и првата од серијата Мастерс.

Двата сета Циципас ги доби со 6:3 во меч што траеше 1 час и 12 минути.






Билансот на Гркот во финалињата е шест победи и осум порази.

Воедно, 22-годишниот Циципас стана најмладиот шампион на Монте Карло од 2008 година, кога Рафаел Надал го освои трофејот.

Поврзани содржини