ЦИА: Само 26 отсто од населението на Северна Кореја имало струја во 2019

687

Само 26 отсто од населението во Северна Кореја имало електрична енергија во 2019 година, покажува проценката на американската разузнавачка агенција (ЦИА) што денесака е објавена.

Според податоците на Агенцијата, ажурирани во делот „Светски факти“, се проценува дека пристапот до електрична енергија во урбаните делови на Северна Кореја е 36 проценти, а во руралните области само 11 проценти, соопшти јужнокорејската агенција Јонхап.






„Земјата е во проблеми од честите исклучувања на струјата поради меѓународните санкции заради нејзините нуклеарни и балистички програми“, оценува ЦИА.

Американската разузнавачка агенција забележала дека Северна Кореја со децении има стагнација во пристапот до  електрична енергија, поточно уште од пред 1990 година, а станува збор за земја со околу 25,8 милиони жители.

На крајот на 2016 година, годишното производство на електрична енергија изнесувало 16,57 милијарди киловат-часови, а потрошувачката достигнала 13,89 милијарди.

Северна Кореја добива 45 проценти од својата електрична енергија од термоелектраните и 55 проценти од хидроцентралите, наведува ЦИА.

Поврзани содржини